Британскиот весник „Дејли мејл“ објави листа на трошоците што ги имаат фудбалските клубови во Европа за плати на нивните играчи.

На првото место на листата на 15-те најголеми „трошаџии“ во европскиот фудбал е Барселона, која на своите ѕвезди годишно им плаќа 487 милиони евра, што е речиси 100 милиони повеќе од вториот на „табелата“ Реал Мадрид, кој за плати на фудбалерите издвојува 395 милиони евра.

Листа на клубови што издвојуваат најмногу средства за плати на своите фудбалери:

1. Барселона – 487 милиони евра

2. Реал Мадрид – 395 милиони евра

3. Манчестер Јунајтед – 337 милиони евра

4. Манчестер Сити – 297 милиони евра

5. Пари Сен-Жермен – 272 милиони евра

6. Баерн – 265 милиони евра

7. Јувентус – 259 милиони евра

8. Челзи – 256 милиони евра

9. Ливерпул – 241 милиони евра

10. Арсенал – 232 милиони евра

11. Борусија Дортмунд – 187 милиони евра

12. Атлетико Мадрид – 178 милиони евра

13. Интер – 156 милиони евра

14. Тотенхем – 148 милиони евра

15. Лестер – 131 милион евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2018 00:56