Халфот на ПСЖ, Марко Верати изјави дека воопшто не размислува да го напушти францускиот главен град, иако неговото име се поврзува со тимови како Барселона и Јувентус.

Дваесет и шестгодишниот фудбалер во последниве години е едно од најактуелните имиња за време на секој преоден рок на Стариот континент, но поради една или друга причина до моментов тој е дел од ПСЖ.

– Не ми е грижа што се зборува во печатот или што велат новинарите. Не мислам воопшто за промена на тимот. Тука сум неколку години и никогаш не сум имал проблеми со кој и да е од тренерите. Сакам да продолжам да му помагам на тимот и во Париз се чувствувам исклучително среќен, изјави Верати за електронското издание „Гол“.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2018 00:56