Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа призна дека тој и неговите соиграчи играат посамоуверено по разрешувањето на Хулен Лопетеги.

Под раководство на Сантијаго Солари, „кралевите“ имаат четири последователни победи во сите натпреварувања.

– Единствената разлика по разрешувањето на Лопетеги е дека сега имаме самодоверба. Пред тоа често бевме разочарани, дозволувавме лесно да ни постигнуваат голови, но ние ги дознавме сами нашите грешки. Во Реал има голема конкуренција за секоја позиција, што силно ги мотивира играчите. Затоа дојдов тука, изјави Куртуа, кој на 11 натпревари во дресот на Реал прими 15 гола.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2018 00:56