Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов денеска ќе извршат увид во реконструкцијата на автопатската делница Велес – Градско.

Предвидена е реконструкција на делницата Велес-Градско и обратно, во должина од 20,2 километра.

За таа цел се наменети 67,2 милиони денари, обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2018 09:47