Советот за безбедност на ОН синоќа на затворена седница разговараше за растечкото насилство во Газа, но не постигна согласност како да се реши ситуацијата.

Палестинскиот амбасадор во ОН Ријад Мансур, по 50-минутната седница, изјави дека Советот е „парализиран и не успеал да ја преземе одговорноста” за да стави крај на насилството.

-Една земја ја затвора вратата за дискусија, рече тој за САД, чија политика станува се повеќе произраелска од доаѓањето на Доналд Трамп во Белата куќа.

Поради недостигот на консензус меѓу 15-те членови на Советот, тој не даде изјава за кризата во Газа.

Амбасадорот на Израел во ОН Дани Данон рече пред состанокот дека неговата земја нема да прифати повик до двете страни да покажат воздржаност.

–Едната страна нападна и истрела 400 ракети врз цивилно население, а другата ги заштитува своите граѓани, рече тој.

Кувајтскиот амбасадор Мансур Ал-Отајби изјави дека „не успеале да најдат решение за ситуацијата во Газа”.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2018 10:00