Македонскиот репрезентативец верува дека со трпелива игра и без никакво потценување на противникот, може да се освојат бодовите на гостувањето кај Лихтенштајн.

Тој бара да се игра внимателно и дисциплинирано и како што вели, резултатот од Скопје не смее да не залажува бидејќи домаќинот сигурно ќе сака да го поправи впечатокот пред домашна публика.

– Сигурен сум дека секој од нас ќе го даде најдоброто од себе за да ја оствариме целта и да победиме против Лихтенштајн. Мораме да бидеме трпеливи и концентрирани, а тогаш ќе дојдат до израз нашите квалитети. Во Скопје одигравме одлично, но тој резултат не смее да не залажува бидејќи Лихтенштајн сигурно ќе сака да го поправи впечатокот пред домашната публика. Свесни сме за важноста на натпреварот и треба е да одиграме тактички добро и организирано. Мотиви и желба не недостасуваат, напротив, пред оваа генерација е голема прилика да обезбеди место на Европско првенство. Сами решаваме за нашето место во групата и одиме да победиме, изјави Енис Барди за веб-страницата на ФФМ.

Натпреварот Лихтенштајн – Македонија од 5.коло во Лигата на нации се игра в петок во Вадуц со почеток во 20:45 часот.

Три дена подоцна (на 19 ноември) „црвено-жолтите“ во Скопје го пречекуваат Гибралтар.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2018 11:59