Премиерлигашот Фулам на својата официјална веб-страница го објави назначувањето на Клаудио Раниери за нов менаџер.

Италијански фудбалски стручњак доаѓа на местото на Славиша Јокановиќ, кој беше отпуштен поради незадоволителни резултати оваа сезона.

Раниери како тренер на Лестер во 2016 година стана шампион на Англија.

Оваа сезона негов предизвик ќе биде да избори опстанок со Фулам кој по 12 круга е последен на табелата со само пет бода и биланс од една победа, две нерешени и дури девет загубени натпревари.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2018 12:57