Шведските пратеници денеска ја отфрлија предложената малцинска влада на Умерените партии на десниот центар и Христијанско-демократска партија, поради што земјата нема влада иако изборите се одржаа на 9 септември.

Улф Кристерсон, лидер на Умерените партии на десниот центар изгуби на гласањето во Парламентот, каде 195 пратеници гласаа „против“ предложената коалиција, а 154 се изјаснија „за“ од вкупно 349.

Противниците на коалицијата изјавија дека гласањето за влада би значело давање на влијание на антиимигрантски настроената Шведска демократска партија, трета политичка сила, бидејќи Владата би зависела од нејзината поддршка во Парламентот.

Денешното гласање е прво од можните четири пред претседателот на Парламентот, Андреас Норлен да мора да распише нови избори.

Првпат Парламентот да не изгласа кандидат за премиер, а Норлен најави дека преговорите продолжуваат утре.

Со Шведска во моментот управува привремена влада предводена од премиерот Стефан Левен. По изборите на 9 септември, левиот и десниот блок останаа во „пат позиција“, а антиимиграциски настроените демократи се во ситуација да одржуваат рамнотежа на моќта.

Ниту блокот на левиот центар на Левен, ниту групата партии на десниот центар не се подготвени за договор со кој би се надминала политичката криза.

Лидерот на здружениот опозициски блок на десниот центар и Умерените партии на Шведска, Кристерсон предходно се обиде, но не успеа да формира влада.

Здружениот блок во Парламентот гласаше против Левен, но не постигна согласност за тоа кој би го заменил.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2018 12:59