Опозиционерот Алексеј Навални денеска доби решение да ја напушти Русија за да присуствува на изрекувањето на пресуда на Европскиот суд за човекови права по тужба поднесена од него.

Навални сака утре да пристигне во Стразбур, кога судот треба да одлучи дали повеќекратните притворања од страна на руската полиција биле политички мотивирани или не.

Тој вчера беше спречен од страна на руските гранични власти да ја напушти Москва поради неплатена парична казна, за која, Навални рече дека тоа било изговор за да не му се дозволи да патува во странство.

Федералната служба за извршители, која го блокира неговото излегување од Русија, рече дека сите ограничувања за Навалини, вклучувајќи ја и забраната за патување во странство, се повлечени откако тој ја платил казната.

Навални објави фотографија на социјалните мрежи, покажувајќи како ја минува пасошката контрола на московскиот аеродром и изјави дека овој пат не наишол на никакви проблеми кога ја напуштил државата.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2018 13:15