Романската Влада денеска го именува искусниот дипломат Џорџ Чамба за нов министер задолжен да ја подготви земјата да го преземе ротирачкото претседателство со Европската унија на 1 јануари.

Чамба пред претседателот Клаус Јоханис положи заклетва како министер за европски прашања.

Претходниот министер неочекувано поднесе оставка минатaта недела.

Јоханис завчера изјави дека Романија е „целосно неподготвена“ на 1 јануари да го преземе ротирачкото претседателство со Европската унија, но вчера беше повеќе отпимист и рече дека „подготовките добро течат и оти земјата сепак ќе успее“.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2018 14:42