Демократската партија освои уште едно место во Сенатот на САД по пребројување на гласовите во Аризона, кое траеше речиси седум дена. Новата сенаторка е Кристен Синема.

Таа ја порази републиканскaта ривалка Марта Мексели со речиси два процентни поени разликa и стана првата жена сенатор од Аризона , а Мексели и честиташе преку Твитер.

Синема беше прогласена за победник шест дена по изборите.

– Аризона го отфрли нешто што стана премногу честа појава во нашата земја – прозивање, навредување, ситни, лични навреди, политичари кои говорат или прават сe само да бидат избрани Тоа е опасно и тоа не уништува како земја. Но, Аризона покажа дека постои подобар пат напред, истакна Синема.

Кирстен Синема ќе стане првата сенаторка од Аризона, кога ќе го преземе местото што остана празно по пензионирањето на републиканскиот сенатор Џеф Флејк.

Трката во Аризона беше една од двете сенаторски трки, чиј резултат беше прилично непознат по изборите за Конгресот минатиот вторник. Републиканците и натаму ќе ја задржат контролата на Сенатот, но демократите го освоија мнозинство во Претставничкиот дом и ветија дека ќе започнат истрага за претседателот на Доналд Трамп и неговата администрација.

Вниманието сега е насочено кон Флорида, каде што е во тек броењето на гласовите во трката за Сенат и гувернер. Претседателот Доналд Трамп се пожали дека новото броење е изборна измама на демократите и дека треба да се прекине.

Гласовите повторно се бројат и за трката за гувернерот на Џорџија, додека уште не се познати резултатите за неколку тесни избори за места во Претставничкиот дом.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2018 14:43