Mакедонската фудбалска репрезентација до 21 година денеска заминува за Подгорица, Црна Гора.

Таму ќе одигра два контролни натпревари, против Србија на 16 ноември и против домашната селекција на 19 ноември.

За Милан Ристовски овие средби се шанса за докажување, а секој позитивен резултат е важен и претставува мотив плус.

- Противниците имаат во своите редови добри фудбалери и сигурно заслужуваат максимален респект, но постои одлична мотивираност и квалитет и во нашиот состав и имаме амбиција тоа да го потврдиме.

- Ако одиграме според договореното, мислам дека можеме до позитивни резултати. Ни треба еден континуитет пред новите квалификации и мораме да бидеме максимално сериозни, изјави Милан Ристовски за веб-страницата на ФФМ.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2018 16:02