Со гребење на горниот оштетен слој од асфалтот во Гевгелија почна реконструкцијата на регионалниот пат Гевгелија – Негорци кој е дел од Програмата на Јавното претпријатие за државни патишта.

Регионалниот пат Гевгелија – Негорци во должина од 6,5 километри ќе се тампонира, а потоа ќе добие и нов асфалт. Реконструкцијата ќе чини 90 милиони денари и се предвидува да заврши за три месеци, до крајот на јануари 2019 година.

Претходно на територијата на општина Гевгелија беа реконструирани и асфалтирани регионалниоите патни правци Миравци-Давидово и Прдејци-Смоквица за кои беа потрошени уште 90 милиони денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2018 16:52