Во основното училиште „Лазо Ангеловски“ денеска беше реализиран третиот дел од проектот ,,Поддржуваме безбедна иднина” – кампања за заштита и безбедност на најмладите учесници во сообраќајот.
Проектот се спроведува од страна на компанијата „Пнеуматик“ во соработка со Одделението за превенција при СВР-Скопје и Општина Аеродром.
– Повторно не движи мотивот да ја подигнеме свеста пред се кај возачите, но и кај децата кои се секојдневни учесници во сообраќајот, соопштија од Општина Аерoдром.
Наведоа дека преку интеракција со најмладите ученици се постигнал посакуваниот ефект, едукација и свесност за сообраќајните правила и прописи.
– Активностите ќе продолжат да се одвиваат во текот на целата учебна година и ќе бидат опфатени и други Општини на територијата на Град Скопје, бидејќи појдовниот мотив е пренесување на пораката – масовната свесност за сите учесници во сообраќајот и зголемување на безбедноста на најмладите, посочија од Општина Аеродром.