Општата болница Велес преку писмено соопштение до медиумите ја известува јавноста, дека почнувајќи од утре е се врши замена на двата болнички лифта со нови, поради што ќе има и пренасочување на движењето на пациентите во болницата.
Како што појаснува портпаролот Марина Андова, главен влез за пациенти на Болницата ќе биде влезот на хируршки амбуланти.
– Од овие причини, одделот за интерни болести се преместува на хирургија на втори кат на А оддел, каде ќе бидат згрижени сите лежечки пациенти за интернистичките потреби. Ургентната интернистичка амбуланта ќе биде лоцирана во Хируршки амбуланти и ќе биде соодветно означена. Пациентите од општа хирургија ќе бидат сместени во просториите на оддел за ортопедија и урологија на втори кат. Итните случаи за гинекологија, акушерство, очно и ушно исто така ќе го користат влезот на хируршки амбуланти како главен влез, како и во случај кога пациентот има проблем со качување по скали, појаснува Андова.
Воедно информира дека на влезот на Хируршки амбуланти, ќе биде присутно лице-портир, кое ќе ги насочува пациентите и веднаш ќе го известува медицинскиот персонал на соодветното одделение.
Од ЈЗУ Општа болница Велес ги замолуваат посетителите, да го ограничат присуството на неопходно.