Водечките земји во ЕУ, Германија и Франција и актуелниот претседавач со Унијата, Австрија, изнесоа различни оценки за утврдениот предлог-договор за Брегзит.

Германската Влада соопшти дека се воздржува од проценки се додека не ги дознае сите детали од постигнтиот предлог-текст на договорот.

– Владата го поздарвува секој напредок што би воодел кон британско заминување на договорен начин, изјави портпаролката на германската канцеларка Ангела Меркел, Мартина Фиц.

Портпаролот на француската Влада, Бенжамен Гриво изјави дека усогласувањето на предлог-договорот претставува охрабрувачки знак, но нагласи дека текстот треба да биде внимателно амализиран пред да се даде оценка по него.

Од друга страна, австрискиот канцелар Себастијан Курц го поздрави постигнатиот предлоф-договор.

Актелниот претседавач со ЕУ истакна дека во преговорите за договорот за Брегзит е постигнат добар резултат, додавајќи дека разговарал со главниот европски преговарач Мишел Барние и со британските претставници во разговорите, при што им упатил „искрени честитики за постигнатиот успех“.

Курц најавуви дека ако набрзо биде утврден и конечниот договор за Брегзит, следната недела би можела да биде одржана седница на Советот на министри на ЕУ на која би бил разгледан договорениот текст, а веднаш потоа и Самит на Унијата посветен на ова прашање.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2018 19:17