Британски „Гардијан“ објави снимка на која се слушаат гласови на мигранти кои тврдат дека ги претепале хрватски полицајци при обид да преминат од Босна и Херцеговина во Хрватска.

Британски „Гардијан“ објави снимка на која се слушаат гласови на мигранти кои тврдат дека ги претепале хрватски полицајци при обид да преминат од Босна и Херцеговина во Хрватска.

Вознемирувачката снимка е објавена на сајтот на „Гардијан“ и на неговиот ЈуТјуб канал.

Весникот наведува дека станува збор за мигранти од Алжир, Сирија и Пакистан.

– Велат дека се брутално претепани и потоа вратени назад во БиХ, пишува британскиот весник.

На снимката се слушаат гласови на мигранти кои тврдат дека хрватските полицајци му ги кршат коските на еден маж, а потоа и маж чие лице е облеано со крв.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2018 00:07