Телевизијата Фокс Њуз соопшти дека се приклучува кон тужбата на Си-Ен-Ен против Белата куќа за одземањето на акредитацијата на телевизискиот новинар Џим Акоста.

– Акредитациите не треба да се користат како оружје, изјави директорот на Фокс Њуз Џеј Волс и истакна дека неговата телевизија го поддржува Си-Ен-Ен во барањето правда на суд.

Фокс њус ќе поднесе барање за приклучување, според кое трета страна во процесот може да стане дел од него. Таа процедура е предвидена за случаи кога поднесувачот на молбата не бара надоместок, туку да ја изложи својата позиција во правниот спор во поддршка на тужителот.

– Ние не го одобруваме се понепријателскиот тон што го користат претседателот и медиумите. Ја поддржуваме слободата на говорот, пристапот на медиумите до Владата и транспарентноста за американската јавност, рече Волс.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2018 00:12