Новиот тренер на Реал Мадрид, Сантијаго Солари не го сака стилот на игра на Иско или не е задоволен од неговата форма.

До овој заклучок дојдоа мадридските медиуми, откако офанзивниот фудбалер не беше стартер во ниту еден од четирите натпревари кај новиот тренер и играше сосема малку.

Иско дефинитивно стана резерва по тренерската рокада, откако во натпреварот против Мелиља во Кралскиот куп не беше во тимот, но тогаш се сметаше дека добил одмор.

Против Ваљадолид одигра само 34 минути, против Викторија Плзен само 17, а против Селта не се појави воопшто во игра, што, според медиумите, јасно покажува дека барем во моментов, Солари не го смета за важен дел од составот.

Тој го користи многу повеќе Дани Себаљос, кој одигра 200 минути повеќе од Иско или 68 отсто од сите можни.

Шпанските медиуми сметаат дека ќе биде интересно што ќе се случи по паузата на првенството, кога ќе има јасна индикација дали новиот тренер ќе се потпира на играчот или тој ќе мора да си бара нов тим.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2018 00:35