Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, рече дека централните банки ширум светот треба да размислат за издавање дигитална валута.

Во говор во Сингапур, Лагард рече дека ова би можело трансакциите со дигитални валути да ги направи побезбедни.

Неготовинските плаќања се зголемија во текот на годините, со што се зголемија и предизвиците за владите и централните банки. Регулаторите изразија загриженост поради дигиталните валути и повикаа на поголем надзор.

– Верувам дека треба да ја разгледаме можноста за издавање дигитална валута. Може да има улога за државата да обезбеди пари за дигиталната економија, изјави Лагард во својот говор на конференција во Сингапур.

– Предноста е јасна. Вашата исплата ќе биде веднаш, сигурна, евтина и потенцијално полуанонимна … И централните банки ќе задржат сигурна основа во плаќањата, рече Лагард и додаде дека централните банки на Канада, Кина, Шведска и Уругвај „сериозно размислуваат” за предлози за дигитални валути.

Виртуелна валута издадена од централна банка би била обврска на државата, како што се готовите пари, не на приватна фирма. Според Лагард, тоа би ги направило трансакциите посигурни и почести, а со тоа и поевтини со што би им се помогнало на потрошувачите.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2018 09:19