Вработеноста во Европската унија и во еврозоната во третиот квартал се зголемила за 0,2 проценти во однос на претходните три месеци, а растот на вработеноста забавил на годишна основа, покажуваат првите проценки на Европскиот завод за статистика.

Темпото на растот на вработеноста во двете области е за половина помал отколку во претходниот квартал, кога изнесуваше 0,4 проценти, покажуваат пресметките на Евростат.

На годишно ниво, според прелиминарните проценки на Евростат, сезонски прилагодениот број на вработени во ЕУ се зголемил за 1,2 отсто во третиот квартал, по 1,4 отсто раст од април до јуни.

Во еврозоната бројот на вработени во периодот од јули до септември се зголемил за 1,3 отсто, по 1,5 отсто зголемување во вториот квартал.

Целосниот извештај со податоците за земјите-членки ќе биде објавен на 7 декември, објави Европскиот завод за статистика.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2018 09:32