СВР-Битола на сообраќајниците во градот, во директна комуникација со возачите реализира инфо-акција за безбеден сообраќај во зимски услови.
На возачите им дели информативен леток со извадоци од Законот за безбеденост на сообраќајот на патиштата како и од Правилникот за задолжителна опрема на возилата во зимски услови, истакна портпаролот на СВР-Битола Сања Стаматова.
– Информативниот леток го доставуваме до возачите, но и до пешаците кои како учесници во сообраќајот секогаш имаат предност, но треба да се внимателни кога преминуваат преку лизгав коловоз – нагласи портпаролот на СВР-Битола, Сања Стаматова која потсети дека ако возилото нема зимска опрема, предвидена е глоба од 45 евра или 25 негативни поени.