Влошената состојба со изграденоста на архитектонските бариери за лицата со посебни потреби беше повод Меѓуопштинскиот центар за социјални работи од Гевгелија, во соработка со здруженијата на инвалидските организации на телесните инвалиди, слепи глуви и наглуви лица да побараат општината да ги подобри условите за нивно непречено движење низ градот и полесен пристап до институциите.

Од локалната самоуправа се бара да оддели средства за изградба на пристапни рампи и домофони на објектите на јавните установи каде што ги нема.

– Бараме спуштање на рабниците на тротоарите во поширокото градско подрачје како би можеле лицата со инвалидски помагала полесно да се движат, определување на паркинг простори обележани со соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, тактилни патеки за слепите, а за глувонемите лица се бара општината да обезбеди овластен толкувач кој би бил задолжен за комуникација на овие лица со вработените во општинските институции – велат социјалните работници.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2018 12:22