Под ноемврискиот просек се водостоите на најголем дел од реките во Македонија. Единствено над просекот е нивото на реката Вардар кај Јегуновце и на Брегалница кај Берово.

Најновите хидролошки мерења на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека најдрастично намалување има кај реката Треска кај Македонски Брод и реката Сатеска кај Ботун, а за четири пати е понизок водостојот на Црн Дрим кај Ложани.

Кај езерата во Македонија нема поголеми отстапувања од ноемврискиот просек



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2018 12:24