Украинската православна црква соопшти дека непознати лица фрлиле молотов коктел врз црквата Свети Андреј во Киев и нападнале свештеник со бибер-спреј.
Нападот следи по одлуката на Вселенскиот патријарх Вартоломеј да почне процес за давање независност на православната црква во Украина во однос на Руската православна црква.
Портпаролот на Укринската православна црква Евстариј Зорја изјави дека непознати мажи утрово фрлиле молотов коктел кон црквата и со бибер спреј го нападнале свештеникот.
Одлуката на Вселенскиот патријарх да започне процес за давање независност на православната црква во Украина предизвика загриженост од избивање насилство меѓу противниците и поддржувачите на одвојувањето на двете цркви.