Саудискиот јавен обвинител изјави денеска дека лицето кое го наредило убиството на новинарот Џамал Кашоги е шеф на преговарачкиот тим, кој бил испратен во Истанбул со цел да го врати во Саудиска Арабија.

Тој додаде дека бара смртна казна за пет од 11 осомничени за убиството на Кашоги.

Обвинителот додаде дека не е познато каде се наоѓа телото на Кашоги, и наведе дека е во тек истрага со цел да се утврди локацијата на која се наоѓаат останките од телото на убиениот новинар.

Тој посочи дека Кашоги, критичар на саудиската политика, убиен е во Конзулатот на таа земја во Истанбул на 2 октомври откако му била вбризгана инјекција, а неговото тело исечено на парчиња било изнесено од зградата.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2018 13:32