Напаѓачот на Монако, Жорди Мбула нема да може да му помогне на тимот во следните неколку натпревари.

Според прогнозите 19-годишниот Шпанец ќе пропушти од 3 до 6 месеци поради повреда на потколеницата на десната нога.

Оваа сезона, Мбула играше на девет натпревари на сите турнири.

За потсетување, во натпреварот од 13. круг на шампионатот на Франција против ПСЖ, Монако мораше да настапи без осум повредени играчи.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2018 13:55