Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Сингапур разговараше со американскиот потпретседател Мајк Пенс за плановите на Вашингтон да се повлече од Договорот за нуклеарните ракети со среден дострел (ИНФ).

Путин, обраќајќи им се на новинарите на Самитот на Асоцијацијата на земји од Југоисточна Азија (АСЕАН), изјави дека тој и Пенс разговарале и за односите со Иран,

Рускиот претседател кон крајот на октомври изјави дека ако САД одлучат да се повлечат од ИНФ, Русија ќе мора да одговори на ист начин и тоа ќе го направи многу брзи и ефикасно.

– Ако САД се повлечат од Договорот, главното прашање е што ќе направиме со тие нови ракети. Ако ги достават во Европа, нашиот одговор природно ќе биде еднаков на тоа, истакна Путин.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2018 15:23