Здружението за еднаква застапеност на лица со посебни потреби „СОС БАЛКАН МЕДИА“ од Охрид во соработка со компанијата „Зегин“ донараше два компјутери технолошки прилагодени за давање специјализирани услуги на лица со оштетен вид и телесен хендикеп.
Донацијата во име на градот ја прими градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски. Со оваа донација општина Охрид станува прва општина што поседува технички средства со кои на лицата со оштетен вид и телесен хендикеп им се олеснува процесот на доставување барања.