Властите на Саудиска Арабија се против барањето на Турција за меѓународна истрага за убиството на новинарот Џамал Кашоги во Истанбул, изјави денеска саудискиот министер за надворешни работи Адел ал Џубеир.

– Тоа е нешто што го отфрламе, изјави Џубеир на прес-конференција во Ријад и додаде дека Ријад располага со сопствени истражни органи.

Џубеир нагласи дека саудиските власти се ангажирале во истрагата, затоа што кривичното дело е извршено врз саудиски државјанин во зградата на Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.

Тој побара да не се политизира смртта на новинарот, затоа што „така се внесува раскол во исламскиот свет, а Саудиска Арабија се стреми кон негово единство“.

Според Џубеир, убиството е „криминал и голема грешка“.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2018 17:47