Најмалку 40 лица, меѓу кои и деца, се повредени во сообраќајна несреќа во Германија, во која учествувале два автобуса и едно возило.
Петмина од жртвите се здобиле со сериозни повреди.
Портпаролот на баварската полиција Берт Рауенбуш соопшти дека меѓу повредените во судирот кај Нирнберг има и деца на училишна возраст, но не прецизира колкав е нивниот број.
Тој додаде дека сериозно повредени патници во болница биле транспортирани со хеликоптери.
Полицијата ги истражува причините за несреќата.