Контролата на оружјето ќе биде една од главните теми на агендата на планираната средба на претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, што ќе се одржи кон крајот на овој месец во Аргентина.

Како што соопшти Кремљ, Путин денеска на маргините на Самитот на Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН( во Сингапур имаше куса средба со потпретседателот на САД, Мајк Пенс, на која стана збор за прашања за кои рускиот претседател ќе разговара со Трамп на планиранате средба.

Путин во Сингапур изјави дека Москва и Вашингтон треба да разговараат за иднината на Договорот за намалување и ограничување на стратешкото оружје од 2011 година и за Договорот за елиминација на ракетите со среден и краток дострел од 1987 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2018 19:23