Нови четири илјади корени есенски цвеќа ќе бидат засадени на јавните површини во општина Крива Паланка. Активноста ја реализира секторот Паркови и зеленила во Јавно претпријатие “Комуналец”, Крива Паланка.

-Во овој трет годишен турнус се засадуваат љубичици (виола), вкупно 4.000, јаглики (примула), околу 600 корени и одредена количина алисиум, кои сега се во фаза на расадување на уредените цветни површини во хортикултурно уредените делови на гардот, на јавните површини, на светните форми во градот. Со оваа активност започнавме на почетокот на ноември, извршена е замена на летните свеќа со љубичици на вкупно 130 саксии поставени на канделабрите долж главната улица, информира Драги Пејчиновски, раководител на секторот паркови и зеленило при ЈП “Комуналец#, Крива Паланка.

Се врши уредување на површините на влезот и излезот на градот, на цветните форми, а тековно се работи и на озеленување на останати јавни површини и на најновата уредена локација кај м.в. Стара кожара, на 1000 метри квадратни.

-На новата локација се поставени 900 жардињери во кои ќе се засадат околу 2.000 љубичици. Сите цвеќиња се одгледуваат до семе до расад во фолиите на претпријатието, каде тековно се врши и подготовка на повеќе видови пролетно цвеќе кое ќе се одгледува во текот на зимата, за расадување напролет, додаде Пејчиновски. Во овој период Паркови и зеленило ќе изврши и кроење на дрворедот долж главната улица „Св. Јоаким Осоговски“.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2018 19:51