Камбоџанскиот режим Црвени Кмери извршил геноцид за време на нивното владеење од 1975 до 1979 година, пресуди Судот за воени злосторства, поддржан од Обединетите нации. Медиумите пресудата ја опишуваат како „историска“.

„Братот број два“ Нуон Чеа (92) и Киеу Сампан (87) се последните преживеани од високото раководство на комунистичката група која брутално владееше со јужноазиската нација, пренесува Ал Џезира.

Трибуналот кој ја разгледуваше нивната кривична одговорност за смртта на, според проценките, 1,7 Камбоџанци, ги прогласи за виновни и за злосторства против човештвото и за други прекршувања на Женевската конвенција.

– Советот смета дека злосторства на геноцид биле извршени против етнички Виетнамци и Чам муслимани, изјави судијата Нил Нон.

Водачите веќе служат доживотни затворски казни откако на претходно судење, водено од 2011 до 2014 година, осудени за злосторства против човештвото. Црвените Кмери сакале да воспостават аграрна утопија, преку празнење на градовите и создавање големи селски заедници. Наместо тоа, нивните радикални политики довеле до „авто-геноцид“ преку изгладнување, прекувремена работа и егзекуции.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2018 10:54