Семинар за роботика, информатика и напредни технологии денеска ќе се одржи во Делчево, во организација на Фондацијата „Бугарско сеќавање“ и Општина Делчево.

На семинарот учество ќе земат 220 ученици од општините Делчево, Виница, Македонска Каменица, Пехчево, Берово и Струмица.

Целта на семинарот, како што велат од Општина Делчево, е младите да добијат поголеми познавање на полето на роботиката и дигиталната технологија, пред сѐ да се прошират познавањата и да се разбуди интересот за роботиката кај младите, а пораката е дека дигиталните компетенции се клучни за професиите на иднината и приоритет од Програмата за трансгранично пријателство меѓу Македонија и Бугарија.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2018 13:48