Во Австрија од 1 јануари следната година самоуправувачкото возење кај автомобилите ќе биде дозволено. Тоа значи дека возачите ќе смеат да ги тргнат рацете од воланот ако возилото има соодветна технологија, соопшти министерот за сообраќај, иновации и технологија, Норберт Хофер.

Самоуправувачкото возење ќе биде дозволено само на автопат и кога се вози во колона без менување ленти. Ќе биде дозволено и т.н. самоуправувачко паркирање, без присуство на возачот.

Хофер натаму истакна дека следните неколку години државата ќе вложи 65 милиони евра во „самоуправувачкиот сообраќај“, со што е предвидено, земјата да биде меѓу водечките во Европа, во поглед на „самоуправувачкото движење“.

Австриските власти ја разгледуваат и можноста за самоуправувачки железнички сообраќај, како и за воздушен, но за тоа е потребна поширока правна рамка.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2018 14:23