Општина Куманово, по трет пат распиша конкурс за избор на сувенир на градот и ги покани заинтересирани правни и физички лица, кои ги познаваат одликите на градот и околината, со своите автентични трудови да придонесат кон креирањето на производ кој ќе го отсликува карактерот на градот, во насока на зголемена промоција, информираат надлежните од Одделението за локален економски развој.

Конкурсот се распишува врз основа на програмата за локален економски развој. Сувенирот треба да ги содржи елементите на препознатливност и да ја отсликува традицијата и културно-историските, духовни, материјални и природни богатства на градот Куманово, да биде прилгоден за производство, и туристичка промоција на Куманово.

Крајниот рок за доставување на сувенирот е 10 декември годинава. Во рамки на конкурсот ќе биде доделена и награда во вредност од 30.000 денари. Сувенирот треба да се достави до општината, а комисија која за таа цел ја формираше општината ќе одлучи вр основа на предвидените критериуми. За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на телефоните на општината или во просториите на општина Куманово.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2018 15:25