Советот на Општина Велес на вчерашната 23та седница ги усвои нацрт- програмите за работа на Општината за наредната година, а со тоа се овозможи подготовката за нацрт- буџетот за 2019 година ,информира за МИА, Елизабета Јовчевска раковител на општи правни работи и овластувања на Општина Велес.

Советот на синоќешната седница усвои десетината предлог-програми за 2019 година, за изработка на урбанистички планови, за уредување на градежно земјиште, како и во областа на заштитата и спасување, противпожарна заштита и управувањето со кризи.

Советниците ги усвоија нацрт-програмите за работа на Општина Велес во 2019 година и во областа на локалниот економски развој, во областа на културата, образованието, социјалната заштита, во областа на здраствената заштита и спортот, за поддршка на младите и на граѓанскиот сектор. Исто така и во областа на промоција и комуникација со јавноста и меѓународната соработка за идната година.

Имено, на усвојувањето на нацрт-програмите за работа на Општина Велес во 2019 година, согласно законските одредби, претходеше јавна расправа со јавните инстутиции, здрженија и граѓани кои дадоа свои предлози и мислења по програмата и беа дополнети во истите.

– Со усвојувањето на нацрт-програмите за работа на Општината, Советот на Општина Велес воедно даде зелено светло за општинската администрација да работи на забрзана подготовка на нацрт-буџетот на Општина Велес за следната година, потенцира Јовчевска.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2018 15:29