„Боите на џезот“ беше насловен уметничкиот перформанс, кој што се одржа синоќа во уметничката галерија во Куманово во организација на Центарот за аудиовизулени уметности од Крива Паланка.

Академските сликари од Куманово, Страхил Петровски и Ханифе Исмали пред кумановската јавност изведоа перформанс и креираа уметнички дела во атмосфера надополнета со звуците на џез музиката на составот „Џон Илија Апелгрин Трио“.

-Концепцијата е, пред пошироката јавност да се презентира уметноста, гледачите да имаат можност да проследат перформанс, непосредно да гледаат како уметникот креира дело, сето тоа проследено со џез музика, изјави академскиот сликар Страхил Петровски.

Проектот првпат се одржал минатата година во Крива Паланка.

-Интенцијата е да се прикаже уметноста, уметниците да се обединат и да придонесат со нов пристап кон своите заедници, изјави Методиј Цветковски, претседател на здружението. Делата кои се креирани остануваат во сопственост на Галеријата.

Проектот се одржува со поддршка на Министерството за култура и кумановскиот музеј.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2018 16:22