Во Штип денеска беше промовиран зборник по повод 70 години учителска школа „Гоце Делчев“. Атанас Николовски, еден од стручните носители на зборникот, а воедно и ученик на првата генерација на учителската школа вели дека издавач на зборникот е штипскиот универзитет „Гоце Делчев“.

-Се поставува прашањето што е тоа што ги привлекува луѓето да го истражуваат тоа време, кога учителската школа не постои повеќе од 50 години. Таа функционираше само 18 години, со 15 запишани нови генерации и со пет пати селење Ново Село – Штип и тука заврши, во гимназијата се разбира. Ние учителската школа ја проучуваме од стручен и научен аспект, вели Николовски.

Јелица Николовска истакна дека со денешната промоција се совпаѓа уште еден јубилеј, а тоа е 20-години од проектот за Истражување на учителската школа.

-Ова е јубилеен зборник, едно од изданијата покрај Монографијата издадена во 1999-та и Зборникот од научната конференција што четири години се спроведуваше во Штип, рече Николовска.

Во рамките на промоцијата свои обраќања имаа и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Блажо Боев.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2018 16:42