Со буџетски средства од блок-дотациите од Министерството за образование и наука реновирани се вкупно тринаесет училници во ОУ “Христијан Тодоровски Карпош” во општина Ранковце.

Пет училници се во објектот на подрачното училиште во село Псача, а осум се во централниот објект во Ранковце.

– Реконструкција е извршена на пет училници во Псача каде што дотраената подна површина е заменета со ламинат, додека во училниците во централниот објект извршена е санација на електричната и компјутерска инсталација. Во овие осум училници комплетно се извршени и молеро-фарбарски работи, а се набавени се и нови клупи, информира директорката на ОУ “Христијан Тодоровски- Карпош”, Христина Младеновска. Рече дека старите клупи се искористени за поставување на компјутерите од училниците, кои се наредени покрај ѕидовите, за да може полесно да се одвива наставата.

– Главно, учениците се растоварени од технологиите, имаат можност за поконцентрирано следење на наставата, а комјутерите се се уште во приправност за користење во наставните содржини, додаде Младеновска.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2018 18:05