Во детските градинки во Берово започнаа градежни активности кои имаат за цел подобрување на усовите за престој на децата во детските градинки.
За таа цел, информираше градоначачалникот на Берово Звонко Пекевски, во моментот се врши санација на дел од кровот во детската градинка ,,23 Август” во Берово.
– Економскиот оператор што беше избран како најповолен понудувач на јавниот повик, веќе отпочна со градежните работи за санација на кровот во градинката во Берово, а деновиве слична активност ќе започне и во градинката во село Будинарци. Според предвидените активности во градинката во Берово ќе се санира дел од постоечкиот кров што во голема мера ќе значи подобрување на условите за прстој на дечињата во градинката, наведе Пекевски.
Додаде дека санацијата во Будинарци ќе ја опфати целосната покривна конструкција на градинката.
Средствата во износ од милион и 290 илјади денари се обезбедени од Буџетот на Република Македонија со делумно учество на буџетот на Општина Берово.