Финишираат градежните работи на новата градинка во селото Брајковци, која ќе може да згрижи 40 деца од регионот на Бојмија, соопшти валандовскиот градоначалник Перо Костадинов.
– Надворешните градежни работи за околу три месеци се целосно завршени. Во брзо време очекуваме комплетно внатрешно уредување на градинката и нејзино пуштање во работа со што ќе почнеме поефикасно да го решаваме проблемот со згрижување на деца од предшколска возраст, рече Костадинов.
Тој посочи дека по завршувањето на градинката во Брајковци, ќе почнат работите за изградба на нови градинки во Јосифово и едно село со жители од турска националност и дека сите тие се подрачни единици на детската градинка , “Калинка# од Валандово која наредната година ќе биде комплетно реконструирана. До крајот на месецот се очекува да почне и уредувањето на пешачката патека која ќе ги поврзува бојмијските села Брајковци, Балинци и Марвинци.