Од 14 ноември годинава инструментот за симултано мерење на суспендирани честички со големина до 10 микрометри и до 2.5 микрометри (PM10/PM2.5) во Автоматската мониторинг станица Битола 2 е инсталиран и ставен во работен режим, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

– По неопходниот период за стабилизација на инструментот и негово тестирање, од најмалку 24 часа, од 15 ноември 2018 година тој е ставен во оперативен режим и со тоа податоците од извршените мерења се достапни и на веб порталот за квалитет на амбиентен воздух при МЖСПП, односно на http://air.moepp.gov.mk , се вели во соопштението.

МЖСПП информира дека во изминатиот период мерењата на PM10/PM2.5 од мерното место Битола 2 беа оневозможени поради комплексен дефект на инструментот во гарантен рок и тој мораше да се испрати до неговиот производител. По извршеното сервисирање и калибрација тој е вратен назад на мерното место.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2018 19:42