Белата куќа соопшти денеска дека привремено ќе му ја врати акредитација на новинарот од телевизијата Си-Ен-Ен, Џим Акоста, кој беше лишен од пристап до американското претседателство по вербален судир со претседателот Доналд Трамп.
– Правосудството денеска јасно посочи дека не постои апсолутно право на пристап во Белата куќа, поврзано со Првиот амандман (во Уставот), изјави портпаролката на Трамп, Сара Сандерс.
Таа додаде дека се планира „да се воведат некои правила и процедури за да се обезбеди прес-конференциите во иднина да бидат фер и уредни“.
– Во Белата куќа треба да се запази одредена пристојност, заклучи таа.