Илјадници граѓани вечерва протестираа во Братислава барајќи од поранешниот словачки премиер Роберт Фицо да прекине со нападите врз медиумите и невладините организации.

Фицо пред осум месеци поднесе оставка под притисок врз граѓаните кои организираа масовни протести поради убиство на новинарот Јан Куцијак, но тој остана на чело на владејачката партија Смер.

Учесниците во протестот извикуваа „Овде сме поради слободата, никој не ни плати да дојдеме“, како одговор на тврдењата на Фицо дека странски сили поттикнуваат демонстрации против него.

Покрај Братислава протести имаше уште во седум словачки градови. Протестите се организирани откако Фицо објави видео-снимка упатена до „кловновите во медиумите“, во која порачува дека Смер ќе победи на општите избори и оти се надева дека тоа ќе ги погоди.

Повеќе од 300 новинари вчера напишаа отворено писмо во кое наведоа дека зборовите на Фицо ги направиле мети.

Протестите се во организација на групата „За пристојна Словачка“, составена од студенти и невладини организации, која тврди дека не е поврзана со опозициските партии.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/11/2018 10:24