Кичево односно Здружението на слепи и слабовидни на ова општина викендов е домаќин на отвореното првенство во шах за слепи и слабовидни лица на Македонија.

Ова првенство е во организација на Националната Спортска Федерација на слепи на Македонија и Здружение на слепи Кичево во соработка со Националниот сојуз на слепи на Македонија.

На првенството ќе учествуваат околу 50 натптеварувачи во машка и женска конкуреција, а на најдобрите ќе им бидат доделени награди.

Преседателот на Здружението на слепи и слабовидни на општина Кичево Зендел Зулбеари вели дека тие како здружение се само текничи организатори бидеќе најголемиот товар на ова натпреварување е на Националниот сојуз на слепи и слабовидни на Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/11/2018 13:30