Леарницата на компанијата „Карунфилд фаундри“ во новата индустриска зона Неокази во Пробиштип се очекува да почне со работа од наредната година, информира градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов.

– Последните информации коишто ги имаме, бидејќи тоа е под ингеренција на Владата, се дека е потпишан договор за зголемување на капацитетот, односно дополнителни 20 милиони денари за наредните пет години. Она што го имам како информација од Кабинетот на министерката Апостолска е дека планот на „Кранфилд фаундри“ е во март 2019 година веќе да почне со производство, вели Анастасов.

Леарницата зафаќа површина од околу осум хектари, а се состои од производствен погон и административна зграда на 15 илјади метри квадратни. Инвестицијата на компанијата е околу 15 милиони евра, а се очекува етапно да се вработат околу 300 лица. Во првата фаза предвидени се 150 вработувања, од кои 50 се за лица со високо образование.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/11/2018 23:20