Гласот на Елвис Присли одекна синоќа во Белата куќа, кога за време на церемонија на врачување на „Медалот на слободата“ беше пуштена неговата песната „How Great Thou Art“.
На церемонијата, Трамп им го врачи „Медалот на слободата“ на неколку истакнати личности, вклучувајќи и на постхумно на „Кралот на рокенролот“.
Трамп сподели спомени од концерт на Елвис, на кој присуствувал пред неколку децении.
„Фановите врескаа, беа сосема луди“, рече Трамп.
Елвис Присли почина во неговата куќа во Мемфис во Тексас, на 16 август 1977 година.
Претседателскиот „Медал за слобода“ е највисока чест, која во САД се доделува за граѓански заслуги.
Наградата се доделува на уметници, научници, спортисти и филантропи за нивниот придонес во културата или мирот.
Трамп, меѓу другите, со орденот го одликува бејзбол легендата Бејб Рут.