Во северната индиска држава Утар Прадеш е отворена првата болница за слонови, што е опремена со најсовремени средства за лекување на тие животни.

Првиот пациент во болницата е 49-годишниот слон Аша, кој има повреда на левата предна нога.

Новата болница се простира на над 12.000 квадратни метри, а наменета е за лекување на повредени, болни и стари слонови.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2018 14:50